
Женската штафета на 4х100 метри на Јамајка го истрча второто најбрзо време во историјата на овој настан, односно 41,02 секунди што претставува и нов национален рекорд.
Имено, Брајана Вилијамс, заедно со трите медалистки на 100 метри, Елејн Томпсон-Хера, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон, ја донесе Јамајка до злато и до нова олимписка круна.
На второто место се пласираа Американките (41,45), а Британките (41,88) се закитија со бронза.
Во продолжение следуваа Швајцарија (42,08), Германија (42,12), Кина (42,71), Франција (42,89) и Холандија (дисквалификувана).



