Младиот ракометар Томче Стојановски го продолжи договорот со тимoт на Бутел на уште две сезони. Ракометарот кој може да игра на сите бековски позиции и кој е незаменлив во одбраната на Бутел, за првпат се најде и на поширокиот список на сениорската репрезентација. Тој за фан страната на тимот на го искажа задоволството од продолжувањето на соработката со Бутел Скопје и посакува остварување на сите цели.
Во Бутел Скопје сум од самиот почеток, како што растеше клубот, така и јас заедно со него како играчот. Клубот е задоволен од тоа што го прикажувам досега, па одлучи да ми даде нова понуда за продолжување на договорот. Ја прифатив бидејќи гледам овде шанса за мој понатамошен напредок. Бутел функционира како едно големо семејство. Амбициите на клубот се секоја година да одиме едно скалило погоре, па така сега се бориме да обезбедиме излез во европските купови. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и со мојата игра ќе помогнам на екипата во остварувањето на целите, вели Стојановски