Денес започна интернационалната серија помеѓу Австралија и Индија во Т20 крикет. Во текот на изминатата недела, овие две селекции ја комплетираа еднодневната серија што им припадна на Австралијците со 2-1.
Индија ја започна новата серија со триумф, откако денес славеше со 150/7 (20) – 161/7 (20) во неизвесен меч.
Удирачите и на двете не блескаа како што беше очекувано. Кај Индијците, најефикасен беше Локеш Рахул (51), додека кај домаќините, најмногу поени постигнаа Арон Финч (35) и Дарси Шорт (34).
Од друга страна, фрлачите беа на своето ниво и дури тројца од нив освоија по три викети. За Австралија, тоа беше Моисес Хенрикес (3-22), а за Индија – Тангарасу Натараџан (3-30) и Јузвендра Чахал (3-25).



