Патрик Бамфорд е еден од клучните играчи на Марсело Бјелса во Лидс. Англискиот напаѓач го потврди тоа така што добиената доверба ја оправда со седум погодоци во 10 премиерлигашки дуели.
Утревечер (во 21 часот) Бамфорд ќе гостува на „Стемфорд Бриџ“, каде што Лидс ќе ги одмери силите против Челзи. Бамфорд пет години беше член на Сините од Лондон, меѓутоа не запиша ниту еден сениорски настап во Премиер лигата.
Се очекува од првата минута на терен да настапи и репрезентативецот на Македонија, Езџјан Алиоски кој заедно со Патрик Бамфорд се во најдобра форма во тимот на Лидс Јунајтед.



