Синоќа, Сан Антонио Спарс им го нанесоа најубедливиот домашен овосезонски пораз на ЛА Лејкерс, победувајќи ги со 110-138.
Лејкерс парираа резултатски во првата четвртина, но во остатокот од мечот, Спарс генерално имаа двоцифрено водство.
Кај ,,Езерџиите”, поентерски најрасположени беа ЛеБрон Џејмс и Расел Вестбрук со 36, односно со 30 поени.
На спротивната страна, дабл-дабл запиша Џонсон (16 кошеви и 10 скокови), а поефикасни од него беа Кеита Бејтс-Диоп со рекорд на кариерата од 30 поени (11/11 шут од игра), Дерик Вајт (23) и Лони Вокер (21).
Бејтс-Диоп стана првиот кошаркар во историјата на Спарс и воедно петти во овој милениум во НБА, кој постигнал 30+ кошеви на еден меч без ниеден промашај од игра.
Ист учинок во 21. век имаа уште Двајт Хауард (2010), Никола Јокиќ (2018), Домантас Сабонис (2018) и Томас Брајант (2018).
На табелата на Западната конференција, Лејкерс (16-17) го држат шестото, а Сан Антонио (13-18) – десеттото место.