
Во единствениот денешен натпревар од финската хокеарска Лиига се соочија двете првопласирани екипи после првото коло.
Имено, актуелните шампиони, Тапара Тампере, на домашен терен, го поразија составот на ИФК Хелсинки со 5-2.
На втората пауза, резултатот гласеше 2-2, откако домаќините постигнаа два гола во првата, а гостите во втората третина.
За претставниците на главниот град на Финска, двапати стрелаше Илари Меларт, додека за Тампере погодија Валтери Мерела и Сами Моиланен.
Во третиот период, домашните играчи дадоа уште три погодоци од кои, два беа дело на Ник Ојамаки, а еден на Петери Пухака.
На табелата, Тапара остана на првото место, а ИФК Хелсинки падна дури на шестата позиција.