
Во вториот натпревар од денешната КХЛ програма, Адмирал Владивосток славеше над Салават Јулаев Уфа со 2-0.
За домаќините, ова беше прв триумф против Салават после две и пол години, кога на 2 февруари 2020 победија после пенали.
Двата погодоци во ,,Фетисов Арена” беа постигнати во втората третина, кога во листата на стрелците се запишаа Александер Горшков и Либор Шулак.
Голманот на домашниот состав, Никита Серебрјаков, го запиша својот прв шут-аут во сезоната со 32/32 одбранети шутеви.
Во Источната конференција, Адмирал скокна на четвртото место, спуштајќи го Салават на седмата позиција.