
ИФК Хелсинки е на прагот од сензација, односно од пласман во полуфиналето на Лиига, откако поведе со вкупни 3-0 против Луко.
Во третиот натпревар од меѓусебната четвртфинална серија, претставниците на главниот град на Финска славеа со 3-5.
Водство на Луко му донесе Анти Саарела во шестата минута, а до крајот на првата третина, гостите поведоа со 1-3, благодарение на Ото Паајанен, на Себастијан Дик и на Кристијан Весалаинен.
Во третиот период беа постигнати по два гола по наизменичен редослед при што, за Луко стрелаше Јере Карјалаинен (х2), а за ИФК – Ииро Пакаринен (х2).
За клубот од Раума, кој беше лидер речиси цела регуларна сезона, ова е вкупно седми пораз во низа, вклучувајќи ги и четирите од првиот дел, кои го спуштија дури на третата позиција.