петок, јуни 9, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Милевски и Стефан Ристовски веруваат во победа против Малта

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 23, 2023
📁 Фудбал

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски на официјална прес-конференција говореа за очекувањата од утрешниот натпревар против Малта на Националната арена „Тодор Проески“.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација

„Секако дека анализите кои ги правевме се од последните четири натпревари на Малта, но тоа не мора ништо да значи дека така ќе биде на следниот дуел затоа што имаат нов селектор, но играчите се тие. Се работи за квалитетна репрезентација, со квалитетни индивидуални карактеристики на играчите. Имаме максимален респект кон противникот, но ќе нагласам дека сето она кое ќе се случува на натпреварот зависи во најголема мера од нас самите. Кога ги гледам момците како изгледаат, повеќе од уверен сум дека ќе тргнеме успешно во овие квалификации. Ама, во денешниот фудбал фаворити не постојат, ќе мора да се вложиме максимално за успех.“.

„Лигата на нации дојде после одлични мундијалски квалификации во кои првпат бевме втори, после два извонредни баражи за СП, па имавме проблеми со составот. Реалноста е таа дека имаме 20 до 25 фудбалери кои се конкурентни, но за жал не ги имавме сите играчи на располагање. Додадовме 12 дебитанти на кои им треба време за аклиматизација на сѐ што се бара во националниот тим. И тие мечеви ги искористивме за да создадеме хемија помеѓу помладите и искусните, а од собир до собир изгледаме сѐ подобри како тим. Затоа не гледам причина зошто да не напредуваме. Тоа е главната цел, а имаме и противници кои се предизвик, ќе се потрудиме да одговориме на најдобар начин“

Стефан Ристовски – капитен на македонската А репрезентација

„Се работи за една од потешките групи во овие квалификации, но низ целиот циклус се носевме ние со повреди и не бевме комплетни. Ние сме селекција која за жал нема голема ширина на играчи, но ете, драго ми е што сме сите тука моментално и се надевам дека низ целата година ќе бидеме здрави. Тоа е и најважно. Доволно се знаеме и сме искусни во оваа репрезентација.

Кажав доста пати дека сите ривали се исклучително квалитетни репрезентации, тука се фаворитите за европската титула Ангилја и Италија, исто така и Украина која располага со одлични резултати. Одиме чекор по чекор, имаме добар распоред и ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари“. 

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) ИФК Хелсинки на прагот од сензација: Седми пораз по ред на Луко

Следна вест

(ВИДЕО) Петта победа во низа за Едмонтон: Аризона ,,падна” после продолжение

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(Видео) ПАНДЕВ ЗА ИСТОРИЈА! Го постигна првиот гол за Македонија на ЕП
Фудбал

Селекторот Милевски одбра за натпреварите со Украина и Англија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Јун/2023
Младиот Јакимовски во потрага по поголема минутажа замина од Шкупи
Фудбал

Младиот Јакимовски во потрага по поголема минутажа замина од Шкупи

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Мај/2023
Вардар го прегази Скопје и се врати во Првата лига
Фудбал

Вардар го прегази Скопје и се врати во Првата лига

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Мај/2023
ВО ЖИВО: Вардар -Скопје (бараж за ПМФЛ)
Фудбал

ВО ЖИВО: Вардар -Скопје (бараж за ПМФЛ)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Мај/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Петта победа во низа за Едмонтон: Аризона ,,падна” после продолжение

(ВИДЕО) Петта победа во низа за Едмонтон: Аризона ,,падна" после продолжение

Последно

(Видео) “Чудесниот” Јокиќ го сруши Мајами и постави нов рекорд

(Видео) Александра Јанева со нова прекрасна песна и спот

Стружани одлични во триатлон лигата во Хрватска (Фото)

Згодната битолчанка Матеа е МИС НАЈДОБРО ТЕЛО (Фото)

Јанеска со 12.гола донесе победа над шампионот

Митоска и Далипоска од Стружанка, како и нашата Гулицоска која игра во Чаир во конкуренција за АLL-STAR

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.