Норвешка ќе игра против Франција во финалето на женското ракометно првенство, откако во интересен дуел успеа да го победи домаќинот Данска. Норвежанките победија со 27:24, иако на полувремето, Данска имаше водство од 13:10. Домаќинот Данска во дуел за третото место ќе игра против Хрватска.
Полуфиналето меѓу скандинавските соседи беше неизвесно до последен момент. Во поразената екипа на Данска голманката Сандра Тофт имаше свои стандардни свои 12 одбрани, а во листата на стрелци Бидструп постигна 7 гола. За Норвешка двете голманки изкомбинираа 11 одбрани, а Морк со 6 гола беше најефикасна во нејзиниот тим.



