Eден од најдобрите светски кошаркари на сите времиња легендарниот Мајкл Џордан пристигна во Сплит и предизвика огромно внимание во јавноста во Хрватска. Џордан во Сплит пристигнал со приватен авион и испловил со луксузната јахта O’Pari.
Луксузната јахта на која ќе одмара Џордан има 14 соби, вклучувајќи еден главен апартман, две ВИП кабини, 6 двокреветни и 1 еднокреветна кабина. Може да прими 29 членови на посадата. Јахтата која е долга 95 метри е изградена во 2020 година и Џордан ја изнајмил од грчката компанија GoldenYachts. Според податоците на компанијата, седмичен наем на јахтата чини еден милион евра!