
Составот на Наполи ја отвори новата сезона во Серија А со победа од 2-0 против новајлијата Венеција.
Сепак, за избраниците на Лучано Спалети, сè тргна кон лошо во првото полувреме, кога Виктор Осимен доби директен црвен картон во 23. минута.
Само дванаесет минути подоцна, поради повреда, теренот го напушти Пјотр Зиелински, а неговото место го зазеде Елиф Елмас.
Проблемите за домаќините продолжија и во вториот дел, кога Лоренцо Инсиње промаши пенал (56′) за потенцијално важно водство.
Веќе во 62. минута беше досуден нов удар од белата точка за Наполи, а овој пат Инсиње стрелаше прецизно за 1-0.
И покрај бројниот дефицит, домашните фудбалери продолжија со офанзивата, која беше крунисана со одличниот погодок на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас (73′), кој воедно го постави конечниот резултат.