Во првиот меч од првата полуфинална серија во МЛБ, Хјустон Астрос ги поразија Бостон Ред Сокс со 5-4.
По примениот поен во првиот период, Ред Сокс постигнаа три во третиот и водеа сè до средината на мечот.
Во последните три ининзи во кои удираа, играчите на Хјустон успеаја да поентираат и да поведат со 5-3, допуштајќи им само почесен поен на гостите во деветтиот период.
Од поразениот состав, Енрике Хернандез постигна два хоум-рани, а по четири бази освоија Ксандер Богартс и Рафаел Деверс.
На спротивната страна, Хозе Алтуве (+1) и Карлос Кореа ја однесоа топката на трибините, а до четвртата база стигнаа уште Чес МекКормик и Јули Гуриел.
Вториот меч на двете екипи ќе биде одигран вечерва со почеток од 22.20 часот по македонско време.