
Хјустон Астрос ја искористија предноста од два натпревари на домашен терен и станаа првиот тим од МЛБ со предност од вкупни 2-0 во четврт-финалето.
Синоќа, претставниците на Тексас славеа со 9-4 над Чикаго Вајт Сокс и изборија ,,меч-топка” за пласман во конференциско финале.
После шест и пол ининзи, резултатот беше изедначен, односно 4-4.
Во овој дел од мечот, за Вајт Сокс поентираа Луис Роберт (х2), Лери Гарсија и Тим Андерсон, а поени на домаќините им донесоа Јули Гуриел, Карлос Кореа, Хозе Алтуве и Алекс Брегман.
Клучен период од натпреварот беше седмиот ининг, во кој Астрос, преку хоум-ранот на Кајл Такер, односно преку трчањата на Јордан Алварез, на Алтуве, на Брегман и на Кореа, направија победоносна серија од 5-0.
Третиот, а потенцијално и последниот меч од меѓусебната серија ќе се одигра вечерта помеѓу 10 и 11 октомври во Чикаго.



