Ракометарите на Пролет славеа на гостувањето во Струга со 21-24 откако во финишот ги искористија своите шанси, а домаќинот промаши неколку зицери.
Најефикасен кај победникот беше Пецаковски со 6 гола, додека на голот одличен беше младиот Петковски со 15 одбрани од кои неколку зицери во финишот на мечот. Кај домаќинот прво име беше средниот бек Владо Кастратовиќ со 5 гола и неколку одлични асистенции. Новото има кај стружани Жарко Бајрактаровиќ денес даде 5 погодоци. Голманот Никола Матовиќ имаше стандардно добар меч во Струга со 14 одбрани од кои 1 седмерец.