Во текот на изминатиот викенд беше одржано 16. издание на Абу Даби Голф Чемпионшип што воедно ја отвори новата сезона на Европскиот Тур.
Во ОАЕ, Тајрел Хетон дојде до својата шеста победа на гореспоменатиот тур, така што стана петтиот Англичанец што го освоил овој турнир.
Хетон го заврши четвртиот натпреварувачки ден со учинок од (-18), притоа имајќи среќа дека водечкиот после третиот ден, Рори МекИлрој, драстично потфрли во завршницата.
Накрај, Северноирецот заврши дури на третото место (-13), а како второпласиран се најде Џејсон Скривенер (-14), кој освои (-6) поени на последните девет дупки.
Шпанецот Рафа Кабрера-Бељо (-12) беше четврти, а петтото место го поделија Дејвид Липски и Марк Ворен (-11).
Наредниот викенд, голферите повторно остануваат во Емиратите бидејќи на програмата ќе биде Омега Десерт Класик во Дубаи.
📸 Golf Digest



