
Во синоќешната програма на НХЛ, Торонто Мејпл Лифс ги совладаа Филаделфија Флаерс со 5-2.
На мечот, домаќините беа подобар ривал, но сепак гостите поведоа во четиринаесеттата минута преку Џоел Фараби.
Во продолжение, за канадскиот тим, на сцена стапи Џон Таварес, кој постигна хет-трик, а освен него, стрелаа уште Остон Метјус и Зек Естон-Рис.
На спротивната страна, почесен погодок за привремено намалување на 3-2 даде Овен Типет при пауер-плеј ситуација.
Во Источната конференција, двете екипи имаат по дванаесет поени при што, Филаделфија ја зазема деветтата, а Торонто – десеттата позиција.