
Откако Карлос Корберан седна на клупата на ВБА, односно од 25 октомври 2022, клубот од ,,Хоторнс” значително ја поправи својата форма и од борба за опстанок влезе во битка за плејофот.
Сепак, во триесет и првото коло од Чемпионшип, Вест Бромвич го запиша четвртиот пораз под водство на шпанскиот стратег.
Имено, на стадионот ,,Ст. Ендру’с”, популарните ,,Бегис” загубија во градското дерби од Бирмингем со 2-0.
Херој за ,,Сините”, кои важеа за аутсајдери, беше Ханибал Моџбри (10′), кој имаше гол и асистенција.
Освен Тунижанецот, во листата на стрелците, за првпат во синиот дрес, се запиша и Кристијан Биелик (52′), кој игра како позајмен играч од Дерби Каунти.
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Бирмингем скокна на шеснаесеттата позиција, додека ВБА остана на шестото место.