На првата женска трка од Светскиот куп во биатлон во Контиолахти, Финска, до победа дојде Хана Оберг.
Швеѓанката ја помина патеката од петнаесет километри за 43:53,8 минути и покрај едниот промашај при стрелањето.
Во пресрет на наредната трка, Оберг ќе ја носи жолтата маичка како лидер во генералниот поредок, а иста опрема ќе поседува и нејзиниот дечко, Мартин Понсилуома, кој вчера победи кај мажите.
Второто место, со стопроцентен стрелачки учинок, го освои Ингрид Ландмарк Тандерволд (+36,5), а третопласирана беше Италијанката Лиза Витоци (+39,7).
Сите останати скијачки доцнеа повеќе од една минута, а во првите пет се најдоа Ванеса Воигт (+1:00,5) и Жулија Симон (+1:11,9).