Во недела, во СЦ „Борис Трајковски“ не очекува завршницата во Купот на Македонија
Во женска конкуренција за трофејот ќе се борат ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Чаир, мечот е закажан со почеток во 16 часот.
Во машка конкуренција во финалето ќе играат РК Пелистер и РК Алкалоид, двата тима ќе се борат за својот прв пехар во ова натпреварување. Натпреварот стартува во 19 часот.
Цената на билетите за двете финалиња изнесува 200 денари.




