Во групата Д од Светското првенство во Катар, првиот патник во осминафиналето беше познат уште после второто коло.
Имено, Франција со двете победи над Австралија (4-1) и над Данска (2-1) обезбеди пласман во нокаут-фазата и најави атак на одбрана на тронот.
Сепак, во третата рунда, Французите загубија од Тунис со 1-0, при што, гол за Африканците заби Вахби Хазри (58′).
Овој триумф беше само почесен за Тунис, бидејќи со четири освоени поени го зазеде третото место.
Нивното учество во шеснаесетте најдобри го ,,украде” Австралија, која со минимален резултат ја порази Данска и ја испрати дома како четвртопласирана екипа.
Стрелец на голот за претставниците на најмалиот континент беше Метју Леки (60′), кој со дебитантскиот погодок во националниот дрес им донесе втор плејоф на мундијалите на ,,Сокерус”.