Првиот меч од 20. коло на шкотскиот Премиершип го одиграа ривалите Ренџерс и Хиберниан.
Хиберниан го започна мечот со голем притисок, но Ренџерс ја презедоа иницијативата после петнаесет минути. Нивната навала кон голот на Дилон Барнс ја капитализираше Јанис Хаџи (33′), по асистенцијата на поранешниот соиграч на Алиоски – Кемар Руф.
Хиберниан беше поуспешен состав во второто полувреме, но искусниот голман на Ренџерс, Алан МекГрегор, успеа да му донесе триумф на својот тим со неколку фантастични одбрани.
Токму Хиберниан беше последната екипа што успеа да освои бодови против Ренџерс во лигата, ремизирајќи со 2-2 во осмото коло. Оттогаш, популарните ,,Полицајци” имаат серија од дванаесет врзани победи за убедливо водство на табелата од +19 во однос на Селтик, кој има четири натпревари помалку. Од друга страна, Хибс остануваат на третото место со бод заостаток во однос на Селтик.