Колорадо Рокис, во рамките на синоќешната МЛБ програма, ги надиграа Атланта Брејвс, на гостински терен, со 4-5.
Најпрво, Брејвс го отворија резултатот во првиот ининг, но после четвртиот период, на семафорот стоеше 2-2.
Веќе во следните две деветтини, Рокис комбинираа за дополнителни три поени и до крајот, им дозволија на домаќините уште две поентирања за поставување на конечниот резултат.
За домашниот состав, Адам Дувал забележа хоум-ран, а со трчање, во листата на поентерите се запишаа Хорхе Солер, Тревис Д’Арно и Фреди Фримен.
Од нивните ривали, Тревор Стори и Брендан Роџерс ја однесоа топката на трибините, а по четири бази освоија Рајан МекМен, Раимел Тапија и Герет Хемпсон.
И покрај поразот, Атланта (76-67) остана на четвртото место во Националната лига, додека Колорадо (67-78) скокна на десеттата позиција.