
Во првото коло од италијанската Серија А, Удинезе успеа да избори реми од 2-2 против фаворизираниот Јувентус.
Во првото полувреме, гостите од Торино на брзопотезен начин стекнаа предност од 0-2 со головите на Пауло Дибала (3′) и на Хуан Куадрадо (23′).
Во вториот дел, заостатокот на домаќините го намали Роберто Перејра (53′) од пенал, а на 2-2 израмни Џерард Делофеу (83′), кој најдобро се снајде по киксот на голманот Војчиех Шчесни.
Јувентус беше на прагот на победата, откако Кристијано Роналдо (90+3′) ја затресе мрежата на Марко Силвестри, но неговиот гол беше поништен со ВАР поради минимален офсајд.



