
Второто коло од англиската Премиер лига значеше и втор последователен пораз за екипата на Арсенал.
Имено, ,,Топџиите” на Микел Артета беа поразени со 0-2 од градскиот ривал, Челзи, кој го задржа стопроцентниот овосезонски учинок.
Двата голови на ,,Сините” паднаа во првото полувреме, во кое на теренот доминираше само еден тим.
Најпрво, резултатот го отвори најновото засилување од 115 милиони евра, Ромелу Лукаку (15′), затресувајќи ја мрежата на Бернд Лено на своето второ деби за Челзи.
Дваесет минути подоцна, конечниот резултат го постави Рис Џејмс (35′), кој исто така беше и асистент при првиот погодок.