
За првпат после две години, Аризона Којотес се радуваа на победа против Тампа Беј Лајтнинг, откако синоќа ги совладаа со минимални 1-0 после пенали.
Во пенал-серијата, за домашниот состав реализираа Ник Шмалтц и Клејтон Келер, додека за гостите погоди само Стивен Стамкос.
Убедливо најважен играч на ,,Којотите” беше голманот Конор Инграм, кој дојде до дебитантскиот шут-аут во НХЛ со одлични 47/47 одбранети шутеви.
Неговиот колега на спротивната страна, Брајан Елиот, ја зачува својата мрежа за првпат сезонава со 26/26 одбрани.
Во Западната конференција, Аризона го држи тринаесеттото место, додека Тампа Беј е петтопласиран тим на Истокот.