Изминатиот викенд, во Кромвел, Конектикат, беше одржан ПГА турнирот во голф ,,Травелерс Чемпионшип”.
Минатата година, овде, победник беше Чез Риви, а претходно славеа елитни голфери како Баба Вотсон, Џордан Спит и Расел Нокс.
Ова издание на турнирот имаше награден фонд од 7,4 милиони долари.
По првиот ден, Канаѓанецот Мекензи Хјуз беше првопласиран со (-10) односно три поени предност во однос на второпласираните Ховланд, Рори МекИлрој и Ксандер Шофел.
Фил Микелсон имаше извонреден втор ден со (-7) поени што му овозможи искачување на првото место и вкупни (-13). Зад себе, Американецот ги остави Вил Гордон и Хјуз со (-12) односно Марк Лишман, МекИлрој, Шофел, Брендан Стил и Брендон Тод со (-9).
Голем дел од фаворитите потфрлија третиот ден, а Тод со нови (-9) ја презема лидерската позиција со вкупни (-18). Дастин Џонсон, исто така, имаше одлични перформанси што го искачија на втората позиција со два поени заостаток.
Речиси сите од водечките голфери по првите три дена освоија во просек по (-3) поени на последниот ден од турнирот. Единствено Тод потфрли ,,дебело” со губење на пет поени и пад до единаесеттото место на крајот. До победата, со (-18), стигна Дастин Џонсон, а на подиумот завршија и Кевин Стрилмен (-18), Гордон (-17) и Хјуз (-17).
За Џонсон, ова е дваесет и прва ПГА титула односно прва после 29 јули 2018 кога го освои ,,РБЦ Канадиан Опен”. Во меѓувреме, Џонсон оствари победа и на Светскиот голф шампионат во Мексико одржан на 24 февруари 2019.



