Изминатиот викенд, во Блејн, Минесота, САД, беше одржан голф турнирот „3М Опен“ по вторпат од своето основање во 2019. Овој турнир спаѓа во ПГА Тур, а наградниот фонд беше 6,6 милиони долари.
До победата, после доминацијата во вториот, третиот и четвртиот ден, дојде американскиот голфер Мајкл Томпсон. Томпсон, беше второпласиран после првиот ден со еден поен заостаток во однос на Ричи Веренски, кој накрај заврши како трети.
Томпсон успеа да собере (-19) поени, а зад себе, на второто место, со (-17), да го остави неговиот сонародник Адам Лонг. Третото место, со по (-16) поени, го делеа дури девет голфери и тоа: Тони Финау, Емилијано Гриљо, Макс Хома, Чарлс Хауел, Александер Норен, Чарл Швартцел, Роби Шелтон, Камерон Трингејл и горенаведениот Веренски.
За Томпсон, ова беше вкупно втора ПГА победа во кариерата. Првата ја оствари на 3 март 2013, кога во јужна Флорида беше најдобар на „Хонда Класик“.