
Единаесеттото коло од тековната АФЛ сезона беше отворено со спектаклот на ,,Сиднеј Крикет Граунд”.
Имено, на домашен терен, Сиднеј Свонс ја прекинаа серијата од четири победи на Ричмонд Тигерс, совладувајќи ги со (16.10) 106-100 (15.10) во трилер-завршница.
Во поголемиот дел од натпреварот, Ричмонд ја имаше предноста на своја страна, која достигна до максимални +33 во втората четвртина.
Сепак, со серијата од 27-2 во третиот квартал, ,,Лебедите” се вратија во игра и го комплетираа пресвртот во самиот финиш.
Предводник на походот на Сиднеј беше искусниот Ленс ‘Бади’ Френклин, кој имаше учинок од (5.1) вреден 31 поен.
Од неговите соиграчи, одлични во офанзивата беа уште Сем Рид (3.2) и Вил Хејвард (2.0).
Кај ,,Тигрите”, по два гола постигнаа четири различни фудбалери, односно Шејн Едвардс (2.1), Џек Греам (2.0), Хуго Ралфсмит (2.0) и Џејден Шорт (2.0).
На табелата, Ричмонд остана на осмата позиција, додека Сиднеј скокна на петтото место.