Димитри Паје е еден од носителите во тимот на Олимпик Марсеј. На синоќешниот првенствен натпревар на гостувањето против Олимпик Лион, во 16 минута постигна прекрасен гол, но по само 3 минути, односно во 19 минута заработи директен црвен картон. Првобитно доби само жолт картон но судијката на мечот Стефани Фрапарт по прегледување на ВАР Системот одлучи сосема оправдано да го исклучи од натпреварот.
Димитри Паје постигна прекрасен гол:
Моментот кога Паје го направи непромислениот старт врз Дубоа: