Во рамки од 5. коло на австрискиот шампионат Линц повторно дома загуби овојпат против Ферлах со 28-33, а по првиот дел беше 10-13 за гостите.
Македонскиот интернационалец Никола Костески со 5 погодоци беше втор стрелец во својот тим, а повторно ја доби и наградата МВП – за играч на натпреварот. Шанса за прва победа оваа сезона Линц ќе има против Ремус на гостувањето наредниот викенд.