Првиот меч од неделната НБА програма беше воедно и осумнаесеттиот овосезонски триумф на Голден Стејт Вориорс.
,,Воините”, во дуелот на двете калифорниски екипи, славеа над ЛА Клиперс со 90-115.
Домаќините од Лос Анџелес имаа предност во поголемиот дел од првото полувреме, но драстично попуштија во третата и во четвртата четвртина.
Најефикасен на мечот со 33 поени беше Стеф Кари, а од неговите соиграчи, двоцифрени беа уште Џордан Пул (17 поени) и Ото Портер (18 поени и 10 скокови).
На спротивната страна, Пол Џорџ уфрли 30 кошеви, а уште по 13 додадоа Маркус Морис и Ерик Бледсоу.
Во Западната конференција, Голден Стејт (18-2) убедливо го чува првото место, додека Клиперс (11-9) ја заземаат петтата позиција.