
Голден Стејт Вориорс (12-2) се одделија на врвот на Западната конференција, откако синоќа, во дербито на денот, славеа над Бруклин Нетс со 99-117.
Во случај Бруклин (10-5) да го избегнеше првиот меѓусебен пораз на домашен терен после три години, ќе останеше на првото место на Истокот, наместо да се спушти на третата позиција.
Првото полувреме од натпреварот беше потполно изедначено, но во третата четвртина, Вориорс направија победоносна серија од 35-18.
Најефикасен кошаркар од редовите на Голден Стејт, а воедно и на мечот беше Стеф Кари со 37 поени, додека втор од неговите соиграчи беше Ендру Вигинс (19).
На спротивната страна, поентерски најрасположени беа Џејмс Харден (24) и Кевин Дурент (19).



