Голден Стејт Вориорс поведоа со вкупни 3-2 во финалето на НБА и се на само чекор од првата титула после 2018.
Во петтиот дуел, ,,Воините” го искористија домашниот терен и триумфираа со 104-94.
Вориорс го започнаа мечот со серија од 24-8, но во третата четвртина, Бостон дојде до резултатска позитива.
Сепак, домашните кошаркари го добија последниот квартал со 29-20 и дојдоа до првата ,,меч-топка”.
Кај Голден Стејт, Клеј Томпсон уфрли 21 кош, а Ендру Вигинс имаше дабл-дабл од 26 поени и од 13 скокови.
На спротивната страна, Џејсон Тејтум (27 поени и 10 скокови) имаше две двоцифрени статистики, а Маркус Смарт со 20 поентирања беше втор стрелец.