
Филаделфија Филис се наоѓаат во серија од десет победи на последните единаесет пресметки, откако синоќа ги совладаа Мајами Марлинс со 3-2.
Во третиот ининг, предност на домаќините им донесе Кајл Шварбер, но со по еден поен во петтиот и во седмиот период, Џон Берти направи пресврт во корист на Мајами.
Сепак, во последните две деветтини, Рајс Хоскинс и Мет Вирлинг освоија по четири бази за Филис и воедно донесоа победа за својот тим.
Во Националната лига, Филаделфија (31-30) го држи осмото место, а Мајами (27-32) е на десеттата позиција.