Aдминистраторите на „фејсбук-страницата“ на Премиер лигата вчера го избраа голот од мечот Барнсли – Лидс Јунајтед на Македонскиот фудбалер Ѓорѓи Христов за гол на денот. Христов во Премиер лигата настапуваше од 1997 до 2000 година за екипата на Барнсли.
Во кариерата има играно за екипи како Баку, Ден Бош, Никозија,Дебрецен, Данфермлин, Цволе, НЕЦ, Партизан, Пелистер…