На 11 јули ќе биде отворен најавуваниот УФЦ „Остров на борбите“, а на првиот настан ќе учествува и Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски. Волкановски ќе го има реваншот против Макс Холовеј кого го победи во декември минатата година.
Покрај овој меч ќе има уште две големи борби за титули, едната е во бантам категоерија (61,5кг) меѓу Бразилецот Жозе Алдо и Петр Јан од Русија, а главната борба ќе биде за титулата во велтер (77кг) меѓу актуелниот шампион Камару Усман од Нигерија и Гилберт Барнс од Бразил.