
Петтиот спуст од тековната сезона на Светскиот куп во алпско скијање беше воедно и јубилејниот четириесетти спуст одржан во Кортина д’Ампецо, Италија.
На него, до шестиот триумф во сезоната дојде Софија Гоџа (1:06,98), која стана и прва домашна победничка во Кортина после четири години.
Воедно, за Гоџа, денешната победа беше вкупно седумнаесетта во кариерата за преземање на втората позиција од Дебора Компањони за најуспешна италијанска алпска скијачка, веднаш после Федерика Брињоне.
На втората позиција се пласираше Рамона Зибенхофер (+0,20), освојувајќи го вториот пиедестал на последните три трки, додека третопласирана беше Естер Ледецка (+0,26).
Чешката скијачка се искачи на подиумот по шести пат во кариерата, односно за првпат после една година.
Четвртото место го зазеде Корин Сутер (+0,33), а Мирјам Пухнер (+0,37) заврши како петта.
Во продолжение, во топ 10 завршија уште: Мишел Гизин (+0,44), Елизабет Рајзингер (+0,57), Рагнилд Мовинкел (+0,59), Лара Гут-Бехрами (+0,68) и Кира Вајдле (+0,81).




