
За засега неутврдена сума, најдобриот стрелец на Јеовил Таун во тековната сезона, Џоу Квигли, се пресели во редовите на Честерфилд со договор на две и пол години.
Квигли пристигна во клубот од Сомерсет како слободен играч од Дагенам & Редбриџ пред две години и минатата сезона беше втор стрелец на Јеовил со дванаесет голови.
Сепак, повеќе внимание од трансферот предизвика изјавата на претседателот на Јеовил, Скот Пристнал, која гласи:
,,Одлуката да ја прифатиме понудата за Џоу [Квигли] е онаа што ќе ни помогне на финансиски план во време кога просечната посета е многу помала од очекуваното и како резултат на тоа, имаме проблеми со буџетот во оваа сезона.”
Од друга страна, Честерфилд покажува дека навистина цели кон враќање во Лиг 2, откако направи неколку трансфери уште во летниот преоден рок.
Едно од новите засилувања е токму и Кабонго Тшиманга, кој пристигна од Борам Вуд и во моментот е прв стрелец во Националната лига со 21 гол на 22 натпревари.




