Германецот Леон Драисаитл (Едмонтон Оилерс) го освои ,,Харт Меморијал Трофи” за најзначаен играч за својот тим во НХЛ. Драисаитл, во регуларната сезона беше најефикасен хокеар со 110 поени (43 голови и 67 асистенции).
Воедно, Германецот е прв хокеар на Едмонтон што го освоил овој индивидуален трофеј после Конор МекДејвид во 2017. Освен нив, од редовите на канадскиот тим, со овој трофеј се закитиле уште Марк Месие (1990) и Вејн Гретцки (1980-1987).



