На осумте меѓусебни пресметки во 2022, Кливленд Гардијанс седум пати изборија победа над Чикаго Вајт Сокс.
Синоќа беше остварен последниот триумф на кој, домаќините од Охајо славеа со резултат од 4-1.
Гардијанс водеа со 4-0 после пет ининзи, а во листата на поентерите се запишаа Остин Хеџес, Стивен Кван, Амед Росарио и Мајлс Строу.
Единствениот поен на гостите дојде преку трчањето на Ендру Воган во седмиот период.
Во Американската лига, Кливленд (43-42) се наоѓа на осмото место, додека Вајт Сокс (41-45) ја држат десеттата позиција.