Атлетскиот клуб КОРРАННЕРС во соработка со EAST GATE MALL ве поканува на “KOLORRUN“, сензационалната и неповторлива улична трка, која ќе се одржи на 18-ти септември во Скопје. Главен настан на “KOLORRUN“ ќе биде трката на 10 километри, на која што натпреварувачите ќе ја имаат честа да трчаат со најдобрите македонски атлетичари, меѓу кои и Дарио Ивановски кој е и национален рекордер на 10 километри на пат.Покрај оваа трка, натпреварувачите ќе можат да се пријават и на тим билдинг трката на 2,5 километри, а трката на 500 метри е резервирана за најмладите учесници.

Стартот на трката ќе биде на улица Беласица пред East Gate Mall, од каде што се продолжува по булеварот Гоце Делчев до мостот кај МАНУ, каде што учесниците ќе се спуштат на левата страна на кејот на Вардар и ќе продолжат до мостот кај Александар Палас, од каде што по истата патека се враќаат назад.Спектакуларниот финиш на трката е низ главниот ходник на East Gate Mall, до излезот од другата страна каде што ќе биде целната линија.Таму каде што завршува трката, таму почнува забавата, па натпреварувачите може да очекуваат голем број на изненадувања и безброј награди.
Пријавувањето за “KOLORRUN“ е отворено на www.smartrace.club
Направете промена во вашиот живот.Придвижете се, тренирајте,почувствувајте се живи.Истрчајте ја вашата трка без разлика колку време ќе ви треба и поминете ја целта со високо подигнати раце и насмевка на вашето лице.Сите сме победници.Ќе ни биде чест да бидете дел од “KOLORRUN“. Се гледаме на стартот!
