
Синоќа, по вторпат во низа на меѓусебните дуели, Кливленд Гардијанс ги совладаа Хјустон Астрос, триумфирајќи со 1-0.
На мечот, домаќините поентираа само еднаш во петтиот ининг преку првиот овосезонски хоум-ран на Лук Мејл.
Одличен за победничкиот состав беше стартниот фрлач, Тристон МекКензи, кој за осум ининзи освои осум страјк-аути и дозволи само два удари.
Во Американската лига, Хјустон (70-40) ја држи втората позиција, а Кливленд (56-52) се наоѓа на осмото место.




