
Во рамките на второто коло од шкотскиот Премиершип беше одиграно 331. градско компетитивно дерби на Единбург помеѓу Хиберниан и Хартс.
На мечот, двете екипи одиграа со 1-1 и го запишаа вкупно 99. меѓусебно реми.
Во изедначен натпревар пред преполните трибини на ,,Истер Роуд”, Хартс поведе со 0-1 со голот на Лоренс Шенкленд (22′) по прекрасната асистенција на Бери МекКај.
Во продолжение, популарните ,,Хибс” ја презедоа иницијативата и израмнија во завршните мигови преку Мартин Бојл (90+5′).
Бојл беше член на ,,Зелените” од 2014 до 2021, а после едносезонската авантура во саудискиот Ал-Фајсали, се врати во Единбург на најдобар можен начин.
На табелата, двете екипи се единствени со по четири поени после две средби и ги заземаат третото и четвртото место.




