,,Зеленото дерби” помеѓу АК Барс Казањ и Салават Јулаев Уфа го сочинува едно од двете конференциски полуфиналиња на Истокот.
Во првиот нивен меч, АК Барс триумфираа со 4-1, а денес истиот тим повторно славеше после продолжение со 2-1.
Имено, во првата третина, Пјотр Хохрјаков му донесе водство на Салават, а во вториот дел, Најџел Доус израмни на 1-1.
Во третиот период немаше погодоци, а на Станислав Галиев му беа потребни само две дополнителни минути за да му донесе вкупна предност од 2-0 на тимот од Казањ.
📸 Twitter: ХК Салават Юлаев