Металург не успеаја да слават ниту во вториот меч, откако одиграа само нерешено на гостински терен кај Струга, 28-28, иако водеа и со пет голови разлика. Богдан Николиќ со 7 гола беше најпрецизен во домашниот табор, Ракочија даде 5, додека Маркоски и Рајатовски постигнаа по 4 гола. На голот на Струга блескаше Мартин Јовановски. Кај Металург прв стрелец беше Калуџеровиќ со 8 гола, додека Златко Хорват постигна 7.

Сите ракометари на Струга одиграа одличен меч, но и денес како и на многу претходни мечеви главната улога ја имаше капитенот на РК Струга, Богдан Николиќ. Николиќ постигна 7 голови, подели неколку одлични асистенции и беше главен играч во одбраната на стружани. Гостите во вториот дел пробаа со фластер врз Николиќ да ги сопрат нападите на Струга, но и тоа не вроди со плод па домаќините трпеливо го бркаа Металург за да стигнат до реми на крајот. Во последната секунда Николиќ поостигна гол и за победа кој за жал судиите не го признаа.
