Никола Гелевски Бел испишува историја и го крева стандардот на едно многу повисоко ниво. Младиот тренер долги години успешно работи во женскиот фудбал, произведува многу квалитетни фудбалерки и се бори за поголем квалитет и професионална работа во лигата.
Во манир на голем клуб, Гелевски на своите девојки од кадетска конкуренција кои што се шампионки на Македонија во оваа возрасна категорија им приреди свечен и изненадувачки пречек.
Се работеше за тоа што тој постави шампионски шпалир кој ги поздрави сите девојки кои беа во тимот во освојувањето на титулата, а освен тоа имаше баклијада, пехар и шампионска торта. Навистина еден убав пригоден момент кој треба да биде пример како треба да се работи во иднина во сите прволигашки женски екипи.






Видео и фото: ZFK Atletiko Bitola