Пред празни трибини се одигра дербито на ,,Сонцето” во кое што домашниот тим на Наполи триумфира со резултат од 2:1 против Рома. Водечкиот гол го постигна Калјехон, а набрзо и Мхтаријан го израмна резултатот, а крајниот резултат од 2:1 и трите бода ги донесе Инсиње со прекрасен постигнат гол. Ова дерби е познато под името дерби на Сонцето. Елиф Елмас влезе во финишот на мечот во 85 минута на местото на Фабиан Руиз.