Атланта Брејвс го вратија своето вкупно водство во финалето на МЛБ на 2-1, откако во третиот дуел славеа над Хјустон Астрос со 2-0.
Главен адут на Брејвс на овој меч беше фрлањето, со кое допуштија само две освоени бази, по една во последните два периоди.
Од фрлачите, стартерот Иан Андерсон настапи во пет ининзи и освои четири од вкупните седум страјк-аути на својот тим.
Во нападот се истакнаа двајца поентери, односно Еди Росарио со трчање во третиот и Тревис Д’Арно со хоум-ран во осмиот ининг.
Четвртиот меч во кој Атланта ќе има шанси да дојде до првата ,,меч-топка” пред своите навивачи ќе биде одигран вечер во 02.09 часот после полноќ по македонско време.