Првото натпреварување од Светскиот куп во нордиска комбинација во 2021 година се одржа во италијанскиот ски-центар Вал ди Фиеме, кој е домаќин и на сите три трки во текот на викендот, а на денешната програма беше првото тимско натпреварување.
Во првата серија учествуваа вкупно 28 тимови составени од по два скијачи. Вториот тим на Јапонија (Хидеаки Нагаи и Рјота Јамамото) покажа завидни перформанси и водеше во пресрет на трчањето пред првите тимови на Германија (Ерик Френцел и Фабијан Рисле) и на Австрија (Лукас Грајдерер и Јоханес Лампартер).
Во втората серија, на трчањето (2 × 7,5 км), Јапонците драстично потфрлија, завршувајќи на седмото и на десеттото место.
До самиот финиш траеше борбата за првата позиција и накрај, до неа дојде првиот тим на Германија со време од 35:11,9 минути, а првата постава на Австрија заврши на второто место со заостаток од само едн и пол секунда.
Подиумот го комплетираше првата постава на Финска (+50,7), односно Ееро Хирвонен и Илка Херола, кои беа деветти после скокачкиот дел.
📸 Lars Baron/Getty Images



